Што треба да знаеш пред да тргнеш да купуваш чевли?

6 ноември 2019

Колку пати ви се случило да купите чевли, но уште при првото носење да сфатите дека сте направиле погрешен избор?

Не секогаш можеме веднаш да ја донесеме вистинската одлука дали некои обувки ни се добри или не, па затоа се случува да купиме некој модел што ни се допаѓа, но да го облечеме едвај неколку пати.

Во продолжение ви пренесуваме неколку совети кои е добро да ги знаете пред да тргнете да купувате чевли:

1.Шопинг во вечерни часови

Ако планирате да купите нови чевли, тогаш одете попладне или во вечерните часови. Стапалата до крајот на денот ќе отечат, па  ако ги купите наутро на пример, до вечер ќе ви бидат тесни, а токму тоа сакате да го избегнете.Вака, доколку чевелот ви одговара навечер, во истиот ќе имате удобност и наредниот ден.

2.Сечија нога е различна

Ви се случило ли истите чевли да ги пробате со пријателка и неа да ѝ се многу удобни, а вас воопшто? Тоа е сосема нормално, бидејќи секој има различна нога, односно стапало, без разлика што бројот што го носите е ист. На изборот на вистинскиот модел влијаат виситната, должината, како и широчината на стапалата. И не паѓајте на зборовите „ќе се разгазат“, бидејќи нема, или макар незначително.

3.Секогаш пробајте ги двата чевела

Дури и во моментите кога се брзате, не пропуштајте да ги пробате двата чевела. Левото и десното стапало кај повеќето луѓе се разликуваат малку, особено во широчината, па постои можност чевелот на десната да ви е точен, но на лева не или обратно. 

4.Размислете со што би ги носеле

Подеднакво важно како и претходните работи. Доколку немате со што да ги комбинирате, тогаш нема ни да ги носите. А зошто тогаш сте ги купувале? Затоа, пред да тргнете во шопинг, направете си комбинации или список со тоа какви чевли ви требаат и со што. Бидете паметни.

Објавено:
6 ноември 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
730 пати