Скала со сијалички наместо традиционална елка

12 декември 2016

Доколку оваа година сакате да промените нешто во домот за празниците, па дури и елката која е еден од главните симболи на новогодишната магија, тогаш ние го имаме вистинското решение за вас.

Ако во целиот тој празничен раскош барате нешто едноставно и навистина минималистичко, тогаш оваа супер алтернатива е нешто за што знаеме дека ќе ви се допадне.

Сѐ што ви треба е дрвена скала за која знаеме дека ја имате некаде во домот и чифт светилки, а по ваш избор и некои елегантни украси или лампиони.

Оваа прекрасна и едноставна идеја се појави пред неколку години во светот на ентериерот, а скалата со светилки за кратко време освои илјадници семејства кои решија да ја сместат во своите домови.

Многу набрзо, оваа идеја го замени класичното новогодишно дрво и ги освои симпатиите и кај популарните скандинавски дизајнери на ентериер кои веднаш ја прифатија оваа идеја.

Оваа идеја е совршена поради тоа што внесува една посебна топлина и магија во вашиот дом, а истата е многу едноставна и се прави за многу кратко време.

Во видеото погледнете како идејата да ја спроведете сами и колку прекрасно ова „дрвце“ ќе изгледа во вашиот дом.

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
483 пати