Совети како до совршениот фустан за матурската вечер

17 мај 2017

Месец мај речиси секогаш нѐ потсетува на подготовките за матурските прослави и сето она што е поврзано со нив.

Изборот на фустан за девојчињата е дефинитивно еден од најважните моменти, а истиот секогаш мора да е совршен и да биде онаков каков што отсекогаш сте го замислувале.

Пронаоѓањето на совршениот фустан може да ви одземе многу време, затоа потребно е да знаете што сакате пред да тргнете во потрага по истиот.

Никогаш не тргнувајте во потрага пред да се подготвите и не губете многу време, бидејќи единственото нешто што треба да го запомните е дека треба да одберете нешто уникатно, иако тоа можеби нема да им се допадне на вашите пријателки.

Прочитајте ги следните совети до кои би требало да се придржувате доколку сѐ уште не го најдовте вистинскиот модел.

-Одредете буџет

Пред да ја почнете потрагата, задолжително мора да си одредите буџет и да се обидете да се држите во границите на истиот. Одберете некој фустан кој ќе можете да го носите и во други прилики и размислете за тоа со што ќе го комбинирате.

-Размислувајте за материјалот

Некои материјали се многу нежни, па треба да внимавате да не им се случи нешто во текот на вечерта, особено ако станува збор за светла нијанса. Бидете сигурни дека ќе одберете фустан изработен од лежерен материјал во кој ќе уживате.

-Бојата е многу важна

Немојте да одберете син или виолетов фустан по секоја цена, иако знаете дека таа боја не ви прилега, но ви се допаѓа. Потсетете се на некој фустан што го имате во боја за која постојано велите дека добро ви стои и не плашете се да го повторите изборот.

-Одберете нешто друго наместо фустан...

Зошто секогаш мора да одберете фустан кога се свеченостите во прашање? Последниве сезони има фантастични модели на комбинезони и здолништа во комбинација со хит блузички за кои треба повторно да размислите. Ако не сте голема обожавателка на фустаните, тогаш размислете да блеснете во нешто сосема поинакво и уникатно.

-Носете фустан што и прилега на вашата фигура

Иако понекогаш сакаме да блеснеме во некој тесен модел на фустан на кој не можеме да му одолееме, секогаш прво треба да се запрашаме дали истиот добро ни стои. Во зависност од вашата фигура, секогаш одберете модели што ви прилегаат и не експериментирајте особено на вакви свечени пригоди.

Објавено:
17 мај 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.569 пати