Совети за чистење чевли што ќе ви користат

27 февруари 2017

Секој од нас има некој омилен чифт чевли што поради одредена гребаница, или дамка веќе не може да го носи со задоволство како претходно.

Во продолжение ви презентираме три трикови како да имате успешно чистење на обувките:

1.Лакирани обувки

Во сад ставете ацетон и хигиенските стапчиња натопете ги во него. Потоа со нив чистете ги дамките на обувките, а резултатите ќе бидат веднаш видливи.

2.Платнени обувки

За ваков тип, потребно ви е малку вода, во која ќе додадете сода бикарбона и малку хидроген пероксид. Промешајте ги супстанците и со четкичка за заби тријте ги нечистите делови на обувки. Ќе видите дека всушност ќе добиете резултат.

3.Кожени обувки

На вака променливо време, особено на услови на дожд и снег, се создаваат многу дамки, кои веројатно ви пречат. Решението е во спреј –шишенце (со големи да речеме како за масло за коса) во кое ќе помешате вода и оцет. Пред употреба протресете го шишценцето, напрскајте ги нечистите делови, а потоа исчистете со четка или крпа.

4.Ѓон

Колку пати ви се случило одејќи да згазнете на мастика? Веројатно многу пати, но и за тоа има решение. Земете коцки мраз, и со нив поминете преку мастиките за џвакање и потоа едноставно симнете ја мастиката.

 

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.172 пати