Совети за жените со големи гради

1 февруари 2018

Во светот долго време владее трендот на големи гради, па оние што немаат ги посакуваат, а оние што имаат, уште повеќе ги зголемуваат.

Сепак, не е сè идеално ни кај нив, иако можеби изгледа така. Многу често жените со големи гради имаат проблем при избирањето соодветна облека, стравувајќи дека границата на вкусното може да се надмине многу лесно иако ако судиме по актуелните трендови денес сè повеќе како тоа да е целта.

Но, за сите жени што спаѓаат во онаа прва група и имаат проблем при шопингот, еве неколку совети што да бараат.

#Фустан на преклоп

Визуелно ги намалува градите, а и актуелни се.

 

#Блуза со повисок околувратник

Ваквите блузи во комбинација со здолниште со висок струк или панталони ќе направат вашата фигура да изгледа складна.

 

#Ремен на половина

Широките ремени се нешто што ќе го направи вашето тело да изгледа како песочен часовник и со тоа ќе се тргне фокусот од делот што сакате да го сокриете.

 

#Складно закопчување

Кога бирате кошули или фустани на закопчување, внимавајте да нема отвори помеѓу копчињата, за да не изгледа како да ви е мала или ве сече во градите. Исто така, внимавајте првото копче да е минимум под рамениците.

 

#Шпанско деколте

Сузан Сарандон е показател дека ваквото деколте со отворени раменици совршено изгледа на жени со поголеми гради, изгледа дамски, а истовремено и секси.

 

#Не бегајте од принт

Иако се верува дека принтовите уште повеќе создаваат волумен, ако го изберете вистинскиот принт, слободно можете да го прегрнете и овој тренд. Памела Андерсон знае како се носи.

Објавено:
1 февруари 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.128 пати