Совршен сладолед поради кој жалиме за летото

1 ноември 2016

Токму кога помисливте дека нема нешто полудо од оние сладоледи со вкус за кои пишувавме пред некое време, на сцената се појави едно неверојатно дело поради кое знаеме дека ќе жалите за летото.

Овој сладолед е вистински хит на Западот, а веруваме дека следното лето ќе можеме и ние да го пробаме.

Како и некои други јадења кои се прават на топла метална плоча, овој рецепт се подготвува на сличен начин, само на исклучително ладна и замрзната плоча.

Сладоледот се подготвува по методот „stir – fry“ што подразбира излевање на сладоледот на плочата, мешање на состојките и потоа нивно сервирање.

Плочата е неверојатно студена, односно најчесто -35 степени Целзиусови и смесата се смрзнува веднаш.

На млекото кое се истура му се додаваат различни состојки како разно овошје, бисквити, чоколадо и уште многу други вкусни работи, по што на крајот се витка за да изгледа како палачинка.

Заедно со бројните украси кои го прават овој десерт уште попосакуван, истиот дефинитивно ќе биде еден од најголемите хитови следното лето.

Објавено:
1 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
407 пати