Стара облека стилизирана на нов начин

23 март 2017

Воопшто не е тешко да се „заљубиме“ во новите дизајнерски парчиња облека скроени според терковите на најновите тенденции, но умешноста е да најдеме начин како нашите парчиња, што веќе ги имаме во плакарот, да ги стилизираме во некоја нова варијанта.

За да постигнете нов и свеж изглед, може да искористите некои стилски трикови со кои на едноставен начин ќе постигнете видлив, визуелен ефект.

Отворете го плакарот и потрудете се да им дадете нова функција на вашите „стари" парчиња облека.

#Врзете ја кошулата околу струк врз кошула-фустан


#Свртете ги ногавиците на џинсот


#Здолништето облечете го врз плетениот џемпер, блуза или широка ролка


#Ременот комбинирајте го во различни варијанти, врз џемпер, блуза, елек или со панталони со висок струк


#Наметнете ја јакната или сакото на рамената

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.119 пати