Стилиризирани од утро до вечер со кожени бермуди

10 октомври 2014

Бермудите се парче што е практично за функционирање во текот на целиот ден, но исто така  е идеално и за вечерните излегувања. Кожените бермуди, односно „culottes“ имаат камелеонска способност за трансформација, а ние во продолжение ќе ви презентираме како може да ги комбинирате за дневен и вечерен стајлинг.

Дневен стајлинг

Секојдневните обврски бараат избор на парчиња кои пред се нудат комфорност. Ако сте една од оние што не прават компромиси во однос на удобноста, тогаш ние ви препорачуваме кожените бермуди да ги комбинирате со патики, маица со пруги и капут со кариран дезен. За крај, како моден додаток одберете го кожениот ранец.

Вечерен стајлинг

Припадничките на понежниот пол добро знаат дека за оставање впечаток црвениот кармин и високите потпетици се незаменливи. Токму затоа ви препорачуваме изгледот да го дополните со кожените бермуди кои може да ги комбинирате со блуза која ќе има делумно спортска конотација, црвени чизми до глужд на висока потпетица и впечатлив минималистички накит.

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Направи сам