Стилисти даваат корисни совети што заслужуваат да ги испробате

12 април 2017

Во модата не постојат универзални правила ниту пак ограничувања. Поентата е да го носите она во кое се чувствувате свои и посебни. Но, стручните совети и „малите" тајни на врвните стилисти може да ви помогнат во одредени ситуации кога забележувате дека нешто не соодветствува во комплетната слика. Дури и најситните детали може да бидат „главните виновници" зошто вашиот аутфит не го остава посакуваниот доем.

Соодветна висина на потпетицата
Високата потпетица визуелно ја издолжува фигурата. Но, не форсирајте екстремно високи потпетици по цена на вашето држење на телото и движење. Пронајдете ја соодветната потпетица со која истовремено ќе се чувствувате самоуверено, но и удобно.

Научете да ги користите модните детали
Најчесто стравот да не направат модна утка ги предомислува жените кога на себе сакаат дастават некој моден детаљ. Напротив, со модните додатоци се заокружува модната целина. Затоа бидете храбри во изборот.

Не штедете на клучните парчиња
Бела кошула, црни панталони и здолниште секогаш ќе ви направат голема услуга во ситуација кога се двоумите што да комбинирате во вашиот аутфит. Затоа задолжително инвестирајте во овие клучни парчиња.

Одберете го вистинскиот конфекциски број
Многу жени прават кардинална грешка со тоа што претендирајќи да ги сокријат своите недостатоци купуваат облека со поголем конфекциски број во однос на нивните потреби. Така го добиваат спротивниот, непосакуван ефект. Затоа купувајте облека со точен конфекциски број.

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.941 пати