Стилски деловен изглед – панталони со висок струк во различни комбинации

20 април 2017

Едно од оние тренди парчиња кое совршено си го најде местото во деловниот стил, се панталоните со висок струк.

Оваа пролет тенденцијата на ултра шик и модерни панталони со висок струк добива уште поголеми размери, па изборот е се побогат.

Ќе ве инспирираме со неколку интересни комбинации, како на различен начин да ги имплементирате овој тип на панталони во вашиот деловен имиџ.

Оваа сафари-деловна комбинација може да ја имате во предвид ако работите на некоја креативна позиција што ќе ви дозволи ваков деловен изглед. Вклучува панталони со широки ногавици во маслинесто зелена боја, еспадрили во пудреста нијанса и кошула со ѕвонести-карнери ракави. Изгледот е заокружен со чанта со кратка рачка и очила за сонце.

Ако црно-белата е вашата омилена комбинација, одберете панталони во црно-бели пруги и комбинирајте со црна маичка, модни додатоци во металик варијанта, црни кломпи и мини чанта.

Доколку пак оваа пролет сакате да внесете богат колорит во вашиот деловен стил, имајте во предвид панталони во интензивно жолта боја, а спојте ги со маичка со интересен принт и темни очила за сонце.

Кога сме кај интензивниот колорит, друга интересна варијанта се овие килоти со висок струк во индиго сина боја, комбинирани со кошула во светла нијанса на сината боја и со сандали на висока платформа.

Панталоните со висок струк во земјени тонови, комбинирајте ги со ролка во пруги, со популарните кломпи со слична нијанса и со црна минималистичка чанта.

 

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
828 пати