Стилски трикови со омилените пролетни парчиња

11 февруари 2017

Секоја сезона носи тенденции кои издвојуваат неколку основни парчиња облека кои лесно може да се комбинираат со остатокот од облеката што веќе ја поседуваме.

Тоа се најчесто минималистички дизајнирани парчиња во неутрални бои, што даваат едноставен одговор на секоја модна дилема.

Предноста е што поради нивната ненаметлива и минимална естетика, лесно може да ги споите и со поексцентрични и впечатливи парчиња и тоа да резултира со супер аутфит.

За претстојната сезона, ви предлагаме неколку необични начини како да ги носите омилените, „обични" пролетни парчиња.

Кошулата облечете ја обратно, така што закопчувањето да биде од страната на грбот

Класичното деловно одело комбинирајте го со маичка со натпис од вашиот омилен бенд

Отворените чевли носете ги со популарните мрежести хулахопки

Романтичниот „слип" фустан облечете го врз класична кошула

Спојте спортски горен и женствен долен дел

Врз бела маичка или кошула, облечете корсет

 

Објавено:
11 февруари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.803 пати