Стилски трикови за визуелно издолжување на фигурата

10 февруари 2016

Вообичаено пониските девојки кога преферираат визуелно да ја издолжат својата фигура, најчесто тоа го прават со помош на високите потпетици.

Но, во голем број случаи високите потпетици не се ниту најпрактично ниту најсоодветно решение. Од друга страна пак, постојат неколку ефективни стилски решенија кои ќе ви помогнат визуелно да ја издолжите силуетата, а притоа да се чувствувате удобно, естетски и соодветно за поводот.

Носете облека во иста боја од глава до пети

Вертикални пруги

Нагласете го најтенкиот дел од вашето тело, обично тоа е половината

Избегнувајте ремени бидејќи визуелно ја скратуваат фигурата

Внимавајте на должината на здолништето, најдобро е да одберете таква што ќе биде малку под колената, бидејќи така го истакнувате најтенкиот дел од ногата

Предимензионираната облека не ви е во прилог бидејќи целосно ве прикрива

Салонките во беж боја визуелно ги издолжуваат нозете

 

Објавено:
10 февруари 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.525 пати