Иако Новата година помина, пред нас се божиќните празници кои исто така подразбираат вкусна и добро украсена трпеза во која ќе уживаме.

Во викендот пред нас, одвојте малку време и потрудете се да направите или да набавите ефективни украси што ќе ја разубават вашата маса на која ќе ја сервирате празничната трпеза.

Токму овие мали промени ќе внесат вистински празничен дух во вашиот дом, а на истите сите ќе им се радуваат, особено најмалите и сите гости кои ќе бидат дел од вашиот дом за празниците.

Без разлика дали ќе набавите нови чинии, украсни свеќи, цветни аранжмани, украс од лампиони, чаши или пак едноставно, салвети, вашата празнична трпеза ќе биде супер впечатлива.

Набавете си и некој соодветен новогодишен чаршаф што ќе внесе позитива во целата просторија, па масата надополнете ја со внимателно одбраните украси.

Со добра храна и друштво, уживајте во празниците!

Инфо и фото: Buro 24/7 

Објавено:
2 јануари 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
731 пати