Свежи идеи за пролетно уредувње на балконот

5 април 2018

Ако веќе не сте го преуредиле балконот за новата пролет-лето сезона, тогаш време е да се инспирирате со нови и свежи идеи и да го подготвите омиленото место за уживање во вашиот дом во текот на топлите денови.

За да направите магично релаксирачко катче, не ви е потребна голема финансиска инвестиција, туку супер идеја и желба да ја реализирате.

Затоа ќе ви помогнеме со неколку инспиративни примери, кои сигурно ќе ве мотивираат и ќе ви дадат појдовна насока како оваа сезона да го декорирате балконот.

Амбиентално светло
Светлото игра клучна улога во ентериерот, но исто така е значајно и при уредувањето на екстериерот. Секако, фокусот на светлото е во текот на нашите ноќни седенки на балкон, кога со соодветниот избор на суптилни светла, се создава романтичен и интимен амбиент.

Детали од бамбус
Бамбусот е идеален избор за балконски столчиња или маси, а исто така може да го имплементирате и во форма на декоративни елементи. Егзотично изгледа во комбинација со омилените цвеќиња.

Украсни перници
Перници изработени од различни материјали, во креативни дезени, бои и принтови или со интересни натписи и пораки, ќе донесат темпераментен и пријатен амбиент на вашиот балкон.

 

Зелена оаза
Зеленилото е секогаш вистински избор за свежа и релаксирачка атмосфера, а ќе ви обезбеди чувство како да сте во природа далеку од градската врева. Одберете дрвце во саксија или пак билки што ќе ги засадите во мали тегли. И секако не заборавајте секојдневно да се грижите за нив.

 

Објавено:
5 април 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.062 пати