Бањата е едно од оние места каде секогаш ни требаат повеќе фиоки или полици за да ги соберат сите оние работи кои ни се потребни за секојдневно функционирање.

Покрај класичните украси кои можете да ги купите во кои ќе ги сместите најпотребните работи како четките за заби, шминката, чепкалките, памукчињата и другите ситни работи, можете и да украсите неколку тегли по ваш избор и да имате нешто сосема поинакво во бањата.

Денеска ќе се запознаете со неколку различни начини како можете да го направите тоа и од едноставни тегли да создадете вистинска уметност.

Она што е особено интересно е тоа што теглите можете да ги претворите и во сад за течен сапун со тоа што ќе употребите пумпа од некој веќе постоечки и ќе ја поставите во теглата.

Покажете ја вашата креативност и украсете ги со најразлични ситници почнувајќи од цвеќиња, обојте ги во откачени бои, направете да изгледаат рустично, наполнете ги со ориз за поинтересен ефект и што уште не.

Она што исто така можете да го направите е да си ги испишете имињата со некои интересни бои и во нив да ги поделите женските и машките работи во бањата.

Во галеријата ќе видите неколку интересни проекти кои можете да си ги направите и вие самите уште овој викенд.

Објавено:
26 август 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.933 пати