Трикови како да исчистите кожена чанта и чевли

21 август 2019

Сите макар еднаш во животот сме се  нашле во ситуација да омилената кожена чанта или чевли ни упропастени, односно извалкани така што изгледа како веќе да не можеме да ги носиме. 

Во продолжение ќе ви откриеме неколку трикови како да си помогнете во ваква ситуација:

Млеко

Ако чантата или чевлите со лакирана кожа ви изгледаат малку старо или се ронат, пробајте го трикот со млекото. На парчето што сакате да го исчистите, истурете малку млеко, оставете малку да се исуши, а потоа исчистете со мека крпа. Вашата стара чанта ќе изгледа како да сте ја купиле сега. 

Ленено масло за бела кожа

За чистење предмети од бела кожа можете да употребите ленено масло. На мека крпа ставете малку ленено масло, па со неа чистете ја чантата или чевлите. Менувајте ја крпата сè додека не стане сосема чиста. Потоа, чевлите или чантата избришете ги со сува крпа и оставете ги неколку часа на воздух, а потоа повторно ставете ги во употреба.

Вазелин

Вазелинот е одличен за одржување на кожени обувки. Чевлите првин исчистете ги со влажна крпа, но не мокра и во никој случај не ставајте вода врз нив. Кога ќе се исушат, нанесете тенок слој вазелин и веднаш исполирајте со сува крпа.

Регенератор за коса

Ова е евтина варијанта, а регенераторот во себе содржи и восок што го прави супер производ за одржување и заштита на кожени предмети. На претходно сува и исчистена кожена површина (со некој од претходните начини на пример), финиширајте така што нанесете регенератор за коса, а потоа со сува крпа исполирајте. 

 

Објавено:
21 август 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.332 пати