Уште една недела нè дели од велигденските празници. Во продавниците веќе одамна е пласирана комплетната понуда за декорација на домот и јајцата, па сигурни сме дека веќе размислувате за тоа како да го разубавите домот.

И покрај тоа што зајакот не е дел од нашата традиција кога е овој празник во прашање, во понудата доминираат токму такви украси, преземени од американската култура.

Всушност, зголеменото декорирање на домот е исто така преземена традиција, која ние ја прифаќаме.

Во контекст на ова, годинава популарни се декорациите што подразбираат бојадисани јајца во стаклен сад и цвеќе.

Исто така, популарни се венчињата во разни форми, украсени со сено, велигденски јајца и други декоративни елементи.

Во продолжение погледнете уште неколку примери од тоа како може да изгледа вашиот дом и трпеза овој Велигден.

Објавено:
16 април 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.246 пати