Викенд проект: декорации со суво цвеќе за есенски шарм во вашиот дом

6 октомври 2017

Ако овој викенд решите да останете дома, за вас имаме продуктивен викенд проект со кој ќе си го разубавите вашето омилено катче, а истовремено ќе уживате во предизвикот со кој ќе ја поттикнете сопствената креативност.

Одберете различни видови на суво цвеќе, неколку винтиџ декоративни елементи како коноп, милје, лимени и стаклени садови или обични тегли, украсни ленти.... и нека ве води креативниот инстинкт.

Обичен букет со суво цвеќе, поставен во стаклена вазна или тегла, ќе внесе есенски шарм во вашиот дом.


Друга варијанта е да направите композиција од рамки за слики во кои зад стаклото ќе ставите различни видови на суви цветови.

Дополнителна инспирација ќе најдете во галеријата во продолжение...

 

Објавено:
6 октомври 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
713 пати