Вистинска боја за вистинска енергија

10 декември 2014

boja

Бојата влијае на нашето расположение, велат истражувањата. Исто така, според бојата можеме да ја зголемиме енергијата на некој oдреден ден, а секој ден има своја посебна боја и тоа:

Понеделник: црвена боја

Вторник: жолта

Среда: виолетова

Четврток: портокалова

Петок: зелена

Сабота: бела

Недела: сина

Жените во месечен циклус не би требало да носат црвена, но ако тоа го правите, ублажете ја енергијата со зелената, бидејќи таа смирува, во комбинација со жолта која тоа смирување ќе го зголеми.

Според магазинот Сенса, за ублажување на болки од каков било тип, носете виолетова и жолта. На јогата, медитацијата и философијата им соодветствува виолетовата и циклама.

Ако се занимавате со хуманитарна работа или ораторство, ќе бидете најуспешни во сина. Истражувачите треба да облекуваат портокалова, а лекарите зелено. Виолетовата е бојата на наставниците и професорите.

За работа со деца најпримерна е зелената, бидејќи дава свежина и младолик изглед. Ако треба да одите на важен состанок ќе ви помогне жолта, а на разговор сина. Секако, иста боја не треба да се носи секој ден, како и тоа дека не треба да облечете жолта, ако не е примерна за состанокот што го имате. Но, можете да вметнете некој детаљ или пак долната облека да ви биде во таа боја, па на тој начин да ги добиете вибрациите кои ви се потребни.

Бојата на долната облека ни дава дополнителна енергија. Ако претеруваме со одредена боја, може на нас да делува негативно, односно да го намали протокот на енергија, бидејќи на тој начин ќе се собере на одредени места и може да создаде енергетски блокади.

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Направи сам