Вкусна чорба од тиква за топли празнични денови

4 јануари 2017

Во екот на зимата, секој од нас постојано бара нешто топло и вкусно во што ќе може да ужива во сите тие студени денови.

Покрај чаевите и бројните други топли пијалаци, чорбите се нешто без што не можеме да си го замислиме ова годишно време.

Разните рецепти за чорби се одлични во овој период кога сакаме да одмориме од сета таа масна храна што ја консумиравме за празниците, а на која се чини и нема крај.

Најпопуларна периодов се чини е вкусната тиква со која се прават најубавите пити на светот, но таа може да се искористи и за многу други вкусни јадења.

Оваа чорба од тиква е многу едноставна и лесна, се прави за кратко време, а во неа ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

-Еден килограм тиква

-Три моркова

-Три компира

-Малку лук

-Една зелена пиперка

-Две гранчиња целер и магдонос

-Павлака за готвење (по желба)

-Две лажици маслиново масло

-Малку путер

Подготовка:

Исчистете ја тиквата и исечете ја на парчиња, а истото направете го и со останатиот зеленчук. Сето тоа ставете го да се вари и додајте го маслото, малку сол, црн пипер и гответе додека зеленчук не омекне.

Откако овошјето ќе се свари, истурете малку од водата и останатото добро изгмечете го како пире. Ако сакате да е малку поретка оставете ја водата, ако ја сакате погуста истурете колку што мислите дека е доволно. Додајте го и путерот и добро измешајте, додавајќи ја павлаката за готвење.

Чорбата е спремна за консумирање! 

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
852 пати