Внимавајте како ги комбинирате овие парчиња...

10 април 2017

Иако не постојат строги правила кога е во прашање индивидуалниот стил, сепак одредени сугестии секогаш може да помогнат да ја создадете најдобрата визуелна проекција на себе.

Ова се однесува и на парчиња облека или модни додатоци, кои соодветно на вашата телесна конституција би требало или не би требало да ги комбинирате.

Во прилог издвојуваме неколку парчиња облека, модни додатоци или принтови, на кои треба да внимаваат ниските девојки. Тоа секако не значи дека целосно треба да заборават на нив, туку да посветат особено внимание како ќе ги спојат со остатокот од парчињата во нивниот аутфит.

Предимензионирани парчиња во слоеви – иако се ИН во уличната мода, внимавајте да не се „затрупате" под слојот предимензионирани парчиња и ако се одлучите за едно парче во таков крој, комбинирајте го со друго парче што ја следи силуетата на вашето тело

Топ во квадратна форма

Панталони со премногу широки ногавици

Хоризонтални пруги – дајте им предност на вертикалните пруги затоа што визуелно ја издолжуваат фигурата, за разлика од хоризонталните пруги

Огромни чанти – немојте да се криете зад вашата чанта, одберете таква со миди или мини големина

Бермуди – доколку сепак се одлучите за вакво парче облеа, внимавајте барем да бидат со висок струк

Чевли со ременче околу зглобот – визуелно ја кратат ногата

Чизми до под колена – иако се секогаш актуелни за време на зимскиот период, пониските дами треба да внимаваат со овој тип на чизми бидејќи придонесуваат визуелно да изгледаат пониско

 

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
821 пати