Здолниште на преклоп = три модни комбинации

17 јули 2014

Миди и макси здолништата ова лето дефинитивно ја уживаат целата модна слава. Тие се омилено модно парче на дамите кои  ги следат последните модни трендови и сакаат секогаш да изгледаат модерно, тренди и урбано. Но, понекогаш се презаситуваме од популаризирањето на одредени парчиња облека. Наш предлог е здолништето на преклоп кое едно од најактуелните сезонски тенденции, да го комбинирате во три различни варијанти во зависоност од пригодата. Внесете модна бура и бунтовност во вашиот моден стил и бидете први кои ќе воспоставите нови модни насоки во креирањето на инвентивни изгледи.

Дневна варијанта

Летото е како створено за светли и лесни комбинации во кои ќе се чувствуваме удобно. Затоа доколку сакате во текот на денот да отидете на кафе со пријателите, да ја посетите зоолошката градина или едноставно да прошетате во парк идеално би било здолништето со преклоп да го комбинирате со спортска маичка на кратки ракави која ќе биде украсена со принтана апликација. На овој аутфит додадете  ременче во свежа боја, мала поштарска чантичка која ќе носите преку рамо, очила за сонце, едноставна алка и старки. Трендовски изглед кој е комплетно во духот на уличната мода.

Вечерна варијанта

За една ноќ под ѕвездите со вашето момче ви треба „слатка комбинација“, затоа здолништето на преклоп нека пулсира во ритамот на спортската елеганција. Комбинирајте го со кратка топ маичка со цветни апликации во впечатлива боја. Наместо чевли со висока потпетица, облечете рамни чевли во стилот на мегапопуларните оксфортки или ако немате баш таков модел комбинирајте го еспадрили кои се исто така мошне актуелни ова лето. Понесете ја вашата омилена масивна чанта која ви собира буквално се и уживајте во романтиката на ноќта.

Свечена варијанта

Доколку треба да отидете на деловна вечера или пак на љубовен состанок, здолништето на преклоп повторно ќе ви заврши работа. Пробајте да го комбинирате со маичка на прерамки чие деколте е декорирано со тантелна лента за да се нагласи вашето деколте. Врз маичката облечете го вашето омилено летно сако, попрскано со дискретни цветни апликации. Побарајте ги омилениот пар сандали на висока потпетица во впечатливи бои и на крај додадете мала чантичка во пастелна нијанса за да го заокружите изгледот. Не заборавајте да ги налакирате ноктите и да се нашминкате. Не само што ќе изгледате соодветно на пригодата, туку ќе бидете и неверојатно елегантни.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Направи сам