Не мора да трчате за да ослабите!

30 март 2017

Ако веќе сте одлучиле да почнете да трчате покрај кејот на Вардар или на било која друга патека, почекајте малку, можеби има и друг начин да ги согорите вашите калории. Тајната според најновите истражувања е во бањата. Поточно, доктор Стив Фокнер од Лонгбороу Универзитетот вели дека има исти ефекти ако си полежите во топла бања, во када, а помага и во дијабетисот ( тип 2).

Тој објаснува дека топлата бања секогаш е релаксирачки момент, но исто така од научен аспект се открива како „пасивното топење“ има значаен удел во слабеењето. Доктор Фокнер и неговиот тим ќе дојдат до заклучок дека топлата бања допринесува во регулирање на крвниот притисок, шеќерот во крвта и бројот на изгубените калории.



Во просек според нив, за време на една топла бања на 40 степени целзиусови се губат калории исто како да пешачите 30 минути. Истоа така се намалува апетитот после бањата, а да не зборуваме колку токсини исфрлате од вашето тело. Континуираната навика да си правите бања по дома ќе допринесе за подобрување на вашето здравје. Опуштете се и почнете со пасивното топење!

 

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Останати
Прочитано:
994 пати
Тагови: 
бања слабеење