105-годишен дедо е вистинска икона на стилот!

24 април 2017

Стилското чувство или го имаш или не, а искуството низ годините може само да придонесе дополнително за видливоста на вашиот индивидуален имиџ и неговата автентичност.

Вистински пример за тоа е 105-годишниот Германец, Гунтер Крабенхолф кој важи за еден од највпечатливите ликови низ улиците на Берлин, токму поради неговиот имиџ на бескомпромисен фраер, за кого годините не играат никаква улога.

Многу често ќе го сретнете низ фото галериите од берлинската улична мода, секогаш перфектно среден од глава до пети, со внимателно одбрани детали и комбинации на бои.

Но, она што е особено фасцинантно, е неговиот став и младешки дух.

„Сметам дека се облекувам нормално. Секогаш сум се облекувал вака. Кога одев на работа, кога одам на вежбање... Сакам да се гледам себеси со задоволство. Тоа е секогаш рефлексија на моето внатрешно „јас", вели Крабенхолф.

Да се огледаме на него!

 

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
496 пати