„9 to 5 chic“ – блогот со шик деловни комбинации

22 јануари 2019

Од 9 до 17 часот може да бидеме и модерни и практични, а нашата естетска препознатливост да ја носиме со себе на работното место и сето тоа во комбинација може одлично да функционира. Таква е идејата на модниот блог „9 to 5 chic", зад кој стои деловната и исклучително модерна дама Ан, која работи во маркетинг индустријата и живее во Сан Франциско.

Всушност модниот блог е нејзин личен стилски дневник каде секојдневно ги споделува своите деловни аутфити, во кои се препознава нејзиното силно нагласено стилско чувство.

На еден суптилен начин таа умешно успева да ја спои деловната естетика со нејзиниот личен стил и во сето тоа да имплементира сегмент од актуелните тенденции, со што нејзините деловни комбинации добиваат целина која истовремено е автентична, а универзална.

Ако го разгледате нејзиниот блог ќе забележите дека и покрај тоа што таа ги обожува ненаметливите кроеви и бои, сепак не се плаши да вметне по некој ексцентричен детаљ или впечатлив принт со што им дава доза ноншалантност и игривост на нејзините бизнис аутфити.

Инспирирајте се...

Објавено:
22 јануари 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
3.104 пати