Ако преферирате колор – ова е блогерката што треба да ја следите

26 јуни 2019

Уличната мода со целата своја слобода, има најголема заслуга за нејзиниот стил. Таа обожува колорит и знае умешно да си игра со него.

Модната блогерка Блер Еди е кралица на колоритните комбинации. Во нејзиниот шарен свет ќе ве заведе со маестрално стилизираните комбинации. Дури и да сте резервирани во однос на шаренилото, нејзиниот талент за комбинирање бои ќе ве убеди во спротивното.

Нарацијата на нејзиниот блог под називот „Atlantic/Pacific" е толку допадлива, топла, шармантна, женствена, обоена во фантастичен спектар, што едноставно станувате зависни од нејзините приказни раскажани преку разгледници од нејзиниот личен стил.

Особено вие кои преферирате колор во изгледот, кај Блер секогаш ќе наидете на инспиративна ризница...

 

Објавено:
26 јуни 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.987 пати