Алексис Рен – моделот за кој велат дека е совршенство

23 ноември 2016

„Њујорк Магазин“ минатиот месец објави текст насловен како „Тинејџерскиот Инстаграм идол или како е да се биде совршен“, со фотографии од Инстаграм профилот на 20-годишниот модел Алексис Рен.

За неа се вели дека ќе биде следниот голем модел, што ќе ги замени актуелните популарни имиња. Инстаграм профилот ѝ го следат повеќе од седум милиони следбеници, кои пред сè ја знаат како блогер, моден инсајдер, а на крај како модел, нешто што таа планира да го смени во многу брзо време.

-Се надева дека мојот успех како модел на бикини ќе транзитира во иднина во високи модни ангажмани. Мојот идол е Џиџи Хадид. Ми се допаѓа нивото што таа го достигна со својата работа, а ми се допаѓаат и брендовите на кои работи и како од своето име направи исто така бренд. Ја почитувам, особено што девојките ја сакаат нејзината отвореност за девојки како мене. Сè што можам да направам е благодарение на неа – вели Рен.

Таа додава дека се нервира кога луѓето ќе кажат дека користи фотошоп.

-Често слушам такви коментари, што ме нервираат и се невистинити, бидејќи јас навистина напорно работев и работам за да имам вакво тело – признава моделката.

Влегувањето на Џиџи во модниот свет беше сосема нетрадиционално. Таа почна да собира инстаграм следбеници после појавувањето во Real Housewives of Beverly Hills заедно со нејзината мајка. Сега е еден од топ моделите. Тоа значи дека Алексис е само на еден чекор до тој главен чекор.

А еве и дел од причините за тоа:

- Работи од 13 години, на 14 ја има и својата прв ангажман како модел, а на 15 е веќе популарна на Интернет, за што ќе каже: „За пет години проживеав колку некој за цел живот. Тоа искуство ме направи да бидам позрела за своите години “.

 

- Со висина од 173 см и пропорции од 85-55-86, не е чудо што ја нарекуваат совршенство.

 

- Алексис беше дел од Њујоршката модна недела во септември. Беше дел од првите редови на дел од ревиите, се појави на неколку забави и најважното – се здоби со одобрување од лично од Марио Тестино, најголемото фотографско име,и најголемата врска во модната идустрија.

 

-Неодамна потпиша договор со големата модна агенција од Њујорк, „The Lions“, во која членуваат и Ирина Шајк, Грејс Бол, Стела Максвел...

 

-Своето деби го направи во април годинава за шпанскиот бренд „Роса Клара“ во Барселона.

 

-Неодамна сними кратко видео за „Лореал“, за нега на кожа, што е уште еден важен чекор кон проширување на хоризонтите.

 

- Беше дел од есенското шоу на Alice+Olivia, како и лансирањето на колекцијата на H&M и Кензо. Исто така, се појави на црвениот килим на премиерата на филмот на Том Форд „Nocturnal Animals“ носејќи токму негова креација.

 

-Носи парчиња од различни брендови и негува различни стилови.

 

-Заслужи место во серијата фотографии на Марио Тестино со крпите на глава, од која беа дел Пенелопе Круз, Амбер Валета, Бела Хадид...

-Има три тетоважи, меѓу кои и потписот на мајка си на левата рака, а се тетовираше во Њујорк, кај уметникот Џонбој, кој неколку пати ја тетовирал и Кендал Џенер.

 

Погледнете ги останатите фотографии поради кои Алексис го заслужува вниманието на важните луѓе во модната индустрија.

 

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.558 пати