Таа и денеска е една од најпознатите пејачки на Балканот со супер песни, но публиката дефинитивно најмногу ја памети од времето на популарната српска група Моби Дик.

Ана Станиќ и тогаш, а и денеска е вљубена во тренди комбинациите, па често можеме да ја видиме во стилски парчиња кои знае да ги носи на единствен начин.

Денеска има 42 години, сопруг и прекрасен син во кој ќе каже дека е вљубена и дека целиот свет ѝ се врти околу него.

Во последниот видео запис за песната „Холивуд“ таа изгледа подобро од кога и да е, во супер стилски комбинации составени од шик парчиња кои едноставно ѝ прилегаат неверојатно.

И денеска, таа важи за една од најстилските девојки во Србија, а тоа можеме да го забележиме и по фотографиите што постојано ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.

Во едно интервју за „Lepota I zdravje“ ќе каже дека и кога денеска ги гледа старите фотографии од времето на Моби Дик, смета дека била супер облечена.

Фото: Story.rs

„Тоа е една навистина слатка фаза за мене. За време на мојата соло кариера никогаш не сум носела парчиња кои се премногу секси, но сега тој начин на облекување повеќе не ми одговара. Порано мислев дека жената, кога е изгледот во прашање, врвот го достигнува во своите 20 – ти години и дека како времето минува, сè на неа почнува да „виси“. Но, сега се разубедив во тоа. Сега моето тело многу повеќе ми се допаѓа отколку пред пет години“, вели таа.

Во друго интервју пак за „BGonline“ ќе каже дека животот во Париз и честите посети, ја промениле нејзината перцепција за стилот.

Пејачката ќе каже дека Французинките се многу попрактични и поопуштени од балканските девојки, но и дека секогаш имаат корисни совети кои таа ги применува.

„Моите пријателки Французинки ме научија да не носам хулахопки, дури и кога е ладно. Се сеќавам кога една другарка ме виде во хулахопки ми рече дека тоа е нешто што го носат само бабите. Малку ме замисли таа констатација и по некое време успеав да го навикнам организмот без хулахопки во било кое годишно време.

Во моментов таа е една од учесниците во популарното музичко шоу „Луда ноќ“ каде можеме да ја видиме во шик стајлинзи и секогаш совршена фризура и шминка.

Во галеријата погоре погледнете како денеска изгледа прекрасната Ана Станиќ.

Фото: Instagram, Story.rs

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
552 пати