Артистичен приказ на модната фотографија низ објективот на Барбара Спасевска

29 август 2017

Веќе четири години како Барбара Спасевска се занимава со фотографија и она што го профилира нејзиниот фотографски израз е артистичното прикажување и на најобичните ситуации.

Во тој период има реализирано една самостојна изложба „Време, Прогрес, Дело", во 2015-та година, како и учествуво на групна изложба на фотографии, во Куманово.

Професионално работи модна и комерцијална фотографија, во соработка со модната агенција „Моделс Ин".

„Нејзиниот последен проект беше реализиран неодамна, фотосесија со моделот Мартин Митковски каде има артистични моменти во склоп на модната фотографија. Од друга страна искуството на Мартин во целата приказна го надополнува ефектот", вели Алек од „Моделс Ин".

Во нејзиното професионално надоградување, не го изостава и проучувањето на уметничката фотографија. Најчеста тема во нејзиното фотографско проучување, е природата на човекот односно неговата психофизичка експресија. Ја користи симболиката односно метафората преку визуелни елементи, во самата фотографија, со цел отворање пошироки хоризонти на размислување кај гледачот.

Барбара веќе една година работи и на нов фотографски проект насловен „Таа", кој наскоро ќе биде изложен. Со нејзината работа и мотивираност докажува дека убавата фотографија не е чиста случајност. Како што вели самата Барбара - изложбата ги раскажува емоциите ако успеат да ги препознаат.

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
241 пати