Блогерка во своите 40-ти која ќе ве инспирира

12 декември 2016

Аманда Старт е британска модна блогерка во своите 40-ти години која преку својот блог „The Online Stylist" што постои од 2009 година секојдневно инспирира милиони жени ширум светот.

Во суштина се работи за модел блог на жена која завршила со сите свои стилски експериментални фази во животот и сега нејзиниот имиџ се сведува на минимализам, елеганција и монохроматски изглед.

Естетиката која таа ја преферира е базирана на чисти и едноставни линии, елеганција со доза на лежерност, совршен избор на модни додатоци и комбинација на црна, бела и сива.

Таа најчесто избира безвременски парчиња што лесно може да се комбинираат и во стилот на жените во своите 20-ти и на жените кои се во своите 40-ти години.

Во нејзиното портфолио ќе прочитате дека омилени брендови каде најчесто го поминува времето резервирано за шопинг се: COS, Hush, Whistles, J.Crew, Baukjen, Мајкл Корс и Гап, секогаш одбирајќи парчиња соодветни на нејзиниот сензибилитет.

А нејзиниот Инстаграм профил  буквално е разгледница на која многу често ќе се навраќате за дневна доза инспирација.

Погледнете.

 

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.414 пати