Стилот на Бразилката Хелена Бордон може да се опише во само неколку зборови – елегантен, шик и секогаш толку урбан.

Уште од мали нозе таа ќе каже дека модата била нејзина неверојатна инспирација и секогаш имала посебен и уникатен стил.

Хелена е ќерка на уредничката за мода на бразилското издание на магазинот Вог, па сосема нормално е дека нејзината мајка била нејзината најголема инспирација уште од раните денови.

Во нејзиниот стил има примеси од речиси секоја светска модна метропола како резултат на бројните патувања со нејзината мајка уште додека била дете.

На само седум години, таа тргнала со нејзината мајка во прошетка на најубавите градови во светот како Париз и Милано и била дел од голем број ревии на светски познати дизајнери.

Денеска и самата е претприемач и модна блогерка, а често е ангажирана и како модел на разни модни ревии.

Еден од највредните совети што ги добила од нејзината мајка е оној секогаш да биде верна на сопствениот стил, а се чини дека таа тоа многу сериозно го сфатила.

Доколку го следите нејзиниот профил на Инстаграм ќе забележите дека таа е голем обожавател на парчињата од брендовите како Валентино, Долче и Габана и Изабел Марант и секогаш ги вклопува во сопствениот стил.

Комбинациите секогаш ги зачинува со некои парчиња од урбаната понуда на high street брендовите како Ванс, чии патики често ги носи.

Како и голем број од светски познатите блогерки, така и Хелена има своја колекција, конкретно за очила за сонце кои се едни од омилените на девојките ширум светот.

Објавено:
13 март 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.477 пати
Извор: 
Buro 24/7.ru