Дарко Спејко: Успешен модел и спортист со големо срце!

29 април 2015

Дарко Петковски или познат меѓу спортистите и моделите како Спејко е исклучително шармантно момче со посебна внатрешна енергија која ви дава надеж дека сѐ она што е добро на светот, некој сѐ уште го поседува.

Петковски е врвен и докажан спортист, а меѓу последните негови успеси се златните медали на неодамнешниот атлетски митинг каде во јака конкуренција тој успеа да победи во двете скокачки дисциплини во кои се натпреваруваше.

По случајна средба со Алек Наумовски, Дарко станува дел од модната агенција Моделс Ин и со неверојатна брзина е ангажиран како заштитно лице на спортскиот бренд Di Biaggio NY.

Она што особено фасцинира кај него, е тоа што е исклучително успешен и во двете полиња во кои работи, благодарение на неговата огромна енергија, решителност и пред сѐ – големото срце како човек.

Од неговата матична агенција посочуваат дека е огромно задоволство да се работи со него, а без размислување го карактеризираат како неверојатно талентирано младо момче кај кое преовладува само дисциплината и храброста како едни од најдобрите човечки особини.

Доколку досега не сте имале можност да се запознаете со ова момче, во продолжение во галеријата ќе можете да погледнете негови фотографии на кои знаеме дека нема да останете рамнодушни!

Објавено:
29 април 2015
Категорија: 
Портфолио