Џени Валтон е исклучително паметна девојка која образованието го заврши на академијата Парсонс во Њујорк по што продолжи да работи како дизајнерка, стилистка и илустраторка.

Во своето импресивно портфолио таа ги има J.Crew и магазинот InStyle, а модните фотографи ги освои со нејзиниот необичен стил со кој се издвојува од останатите street style ѕвезди.

Нејзиниот стил може да се опише како совршен спој на винтиџ и тренди со посебен, уникатен сопствен печат кој таа секогаш им го додава на комбинациите.

Џени ќе каже дека ја инспирираат музиката и филмовите од минатото, како и стилот на холивудските актерки меѓу кои и иконата Одри Хепберн.

Секој ќе забележи дека нејзините комбинации неодоливо потсетуваат на оние на Грејс Кели, Кетрин Хепберн и Џуди Гарланд во филмот „Meet me in St.Louise“.

Оваа девојка обожува да комбинира здолништа во А – крој со чевли со умерено високи потпетици, а речиси секогаш им додава волуменозен ефект со широките блузи украсени со ремен на половината.

Кога се модните додатоци во прашање, Џени обожува да носи винтиџ накит и плетени торби во стилот на Џејн Биркин, која е уште една модна икона која таа ја обожува.

На нејзиниот блог Marker and Micros редовно можете да ги видите илустрациите што таа обожува да ги прави, а покрај тоа често се занимава и со стилизирање на сетови за нејзиното момче кое е еден од најпознатите street style фотографи во светот.

Тој всушност беше и момчето кое прво го забележа нејзиниот посебен стил по што сето останато е веќе историја...

Во галеријата погледнете дел од комбинациите на Џени за кои знаеме дека ќе бидат и повеќе од инспирација.

Објавено:
15 август 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
680 пати