Елса Хоск – најпосакуваниот шведски модел

10 јануари 2017

Елса Хоск е родена во Стокхолм и својата модна кариера ја започнува уште од 15-годишна возраст. Целата идеја за тоа ќе ја поттикне семејна пријателка на нејзиното семејство, која претходно била модел, но никој не верувал дека малата Елса ќе направи толку голем успех.

Во првите години, моделството е хоби што го балансира со кошарката, со која професионално се занимава. Но, со текот на времето, Хоск одлучува да се збогува со теренот и да се посвети комплетно на моделингот.

Инаку, таа освои и прво место на натпреварот Sweden’s Next Top Model.

Нејзината матична агенција денес е IMG agency, истата во која се и сестрите Хадид, Алесандра Амбросио, Жизел Бундшен и други бројни успешни модели.

Првата ревија на Елса Хоск е во 2012 година, и тоа за пролетната колекција на Диор, по што следат и Џамбатиста Вали, Каролина Херера, Оскар де ла Рента, Џозеф Алтузара.

Сепак, најголемиот пробив во модниот свет ѝ го носи ангажманот за „Викторијас Сикрет“, станувајќи нивен ангел истата, 2012 година, па сè до последното шоу во 2016 година.

Во нејзиното портфолио се и бројни кампањи, насловни страни, како и едиторијали.

Нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од три милиони следбеници. Покрај одличните фотографии, таа го привлекува вниманието и со искрените изјави, па онаа дека обожава кога е гола, на нејзините фанови не им е никакво изненадување. А кога сме кај обожавателите, тие создадоа и веб страна за моделот, каде ги следат сите нејзини професионални активности.

Преку социјалните мрежи може да се забележи подобро нејзиниот личен стил, кој е интересен и во прв план ги става француските модни куќи.

Во продолжение погледнете зошто Елса Хоск чии пропорции се 79-58-90 (и висина од 176 см),е една од најпознатите и најбараните шведски модели на денешницата.

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onJan 8, 2017 at 1:09pm PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onDec 23, 2016 at 5:06am PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onDec 15, 2016 at 10:58am PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onDec 11, 2016 at 2:20pm PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onDec 12, 2016 at 7:52am PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onDec 2, 2016 at 5:15am PST

 

 

A photo posted by elsa hosk (@hoskelsa) onSep 26, 2016 at 5:20am PDT

 

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
793 пати