Доколку сте обожавател на социјалните мрежи и постојано сакате да следите некои нови лица со супер стил, денеска ви предлагаме една токму таква девојка.

Ерика Чои е млада дизајнерка од Њујорк која меѓу другото е и позната блогерка и уметничка директорка на стоковната куќа Барнис.

На својот блог таа секојдневно објавува супер фотографии од патувања на разни места низ светот на кои секогаш е фантастично облечена.

Нејзиниот блог се вика Egg Canvas, а истиот започна со работа во 2014 – тата година. Оттогаш па наваму, таа со нејзините следбеници постојано споделува фотографии од нејзиното ултра интересно секојдневие, а особено фасцинантни се оние од нејзините празнични прошетки.

На секоја фотографија таа има беспрекорно модерна комбинација, составена од тренди парчиња кои секоја девојка би ги посакала.

Ерика своето образование го завршила на Rhode Island училиштето за дизајн од каде дипломата по графички дизајн многу и помогнала при создавањето на нејзиниот блог.

Кога е во Њујорк, таа работи како дигитална уметничка директорка на луксузната стоковна куќа Барнис од каде се чини ги црпи идеите за сите тие кул комбинации.

Како што можеме да забележиме од нејзиниот блог и Инстаграм профил, оваа девојка обожува слоевити комбинации составени од навидум едноставни, но многу модерни парчиња.

Она што е интересно е тоа што оваа девојка во своите комбинации постојано вметнува и дизајнерски парчиња кои ги комбинира со сосема едноставни парчиња од high street брендови.

Ерика е верна на своите јапонски корени па понекогаш во нејзините комбинации вметнува и парчиња од јапонски дизајнери. 

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
879 пати