Новата надеж од хрватското модно небо по име Фарета е девојка која со брзина на светлината ги освои светските писти и стана една од омилените на познатите дизајнери.

Веднаш откако стана дел од модната агенција Colors Model Management од Задар, следеа безброј ангажмани за оваа прекрасна девојка, меѓу кои и ревии на некои од најпознатите светски брендови.

Во март оваа година во Париз таа се појави и остави голем впечаток на ревијата на брендот Живанши, по што доби пофални зборови од самиот Рикардо Тиши кој ќе каже дека ја гледа како муза.

Својот најголем успех го доживеа на неодамна одржаната Недела на висока мода во Париз каде носеше креации на Диор, Валентино, Версаче и Шанел.

Таа се појави и на спектакуларната ревија на Фенди во фонтаната Треви во Рим со која брендот прослави 90 години постоење.

Покрај нејзината матична агенција, Фарета ја застапуваат и Elite Model и тоа во Париз, Милано, Лондон и Барселона, како и Society Management во Њујорк.

Како и приказните на сите останати модели, Фарета била забележана сосема случајно на сплитската ривиера од страна на агентката Ана Гојановиќ која и предвидела инстантен светски успех.

Фарета денеска живее во Париз, а постојано патува во некои од најголемите светски модни метрополи.

Со оглед на тоа што оваа прекрасна млада девојка го најде своето место покрај светските модели, воопшто не треба да се сомневаме дека ја чека успешна светска кариера и многу ангажмани.

Објавено:
19 октомври 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.066 пати