Фотографката со беспрекорен минималистички стил

8 јануари 2019

Пребарувајќи на Инстаграм, наидовме на профилот на унгарската фотографка Ана Васони и со причина ни го задржа вниманието.

Станува збор за професионална фотографка, која одлично се снаоѓа не само зад туку и пред објективот.
Нејзиниот Инстаграм профил е карактеристичен по монохроматската естетика, како во однос на нејзиниот личен стил, така и од аспект на самиот амбиент на фотографиите.

За сите вие кои обожувате монохроматски минимализам, наша препорака е да го посетите нејзиниот профил @annavasony.

 

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.310 пати