Фузија од готик, рок и бохо вибрации во стилот на блогерката Оливија Емили

24 септември 2014

Црвенокосата англичанка Оливија Емили е една од најпознатите и највлијателните алтернативни модни блогерки, благодарение на својот јасно дефиниран имиџ кој е огледало на нејзиниот животен стил.

21-годишната девојка наместо да ги следи, ги создава модните правила според кои ја гради визуелната претстава на нејзината личност, а тоа е една од бенефициите на уникатниот стил ослободен од стегите на моментално актуелните трендови.

Нејзиниот блог едноставно насловен oliviaemily  е лична модна „исповед“ за нејзиното секојдневие во кое неминовен е црвениот кармин и облеката во доминантно црна боја.

Фузијата од готик, рок и бохо вибрации се основниот предзнак на нејзиниот авангарден имиџ во кој таа на единствен начин ги вклопува различните карактеристики на овие  супкултирни правци. Па така црното кадифе кое често може да го видиме комбинирано во нејзините стајлинзи е „позајмено“ од готик правецот, шеширите што забележително се еден од нејзините омилени аксесоари ги адаптира од бохо стилот, додека кожените парчиња, како хеланките, мото јакните и мини здолништата се со рокерски темперамент.

 

 

 

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Портфолио