Еден од најголемите филмски хитови летово е „Wonder Woman“, а главната улога ја толкува израелската актерка Гал Гадот Варсано.

Претходно ја гледавме во неколку продолженија на „Fast and Furious“, како и во остварувањето „Batman v Superman: Dawn of Justice“.

фото извор: Твитер

Сепак, својата најголема популарност ја живее сега.

Родена е во Израел, каде и го поминува детството. На хебрејски, нејзиното име значи „бран“, а презимето „речен брег“. Иако и двајцата родители се родени во Израел, Гал има и полски, австриски, германски и чешки корени. Има и помала сестра, Дана.

Како средношколка посебно се интересира за биологија, а успешна е и во кошаркарскиот тим, за што ќе придонесе и висината од 1.78 м.

фото извор: missology.com

Во 2004 година, тогаш 18-годишната Гал се пријавува на избор за убавина за „Мис Израел“ и победува. Истата година ја претставува државата на „Мис Универзум“, но не освојува титула.

фото извор: missology.com

фото извор: missology.com

Првите пари ги заработува како „бејбиситерка“, а потоа и како вработена во „Бургер Кинг“. Потоа  ќе запише право и политички науки, но она што е уште поинтересно е што била и во војска. На 20-годишна возраст ќе биде дел од Израелските одбрамбени сили.

-Имаш две или три години каде што не се работи за тебе. Се учиш на дисциплина и почит. Тоа многу ми помогна и за улогата на Жизел во „Fast&Furious“. Мислам дека на режисерот Џастин Лин му се допаѓаше фактот дека бев во војска и сакаше да го искористи моето познавање на оружје и ракувањето со него – изјави своевремено Гадот.

фото извор:harpersbazaar.co.uk/getty

Но, убавината ѝ помогна да се оствари и како модел, па беше дел од кампањите на „Miss Sixty“, паметните телефони на „Huawei“, како и на парфемите на „Гучи“, производите за нега на кожа „Vine Vera“ и автомобилите „Јагуар“.

Во 2015 стана заштитно лице на „Gucci Bamboo“ парфемот. Како модел, многупати се најде на насловните страни на познатите магазини меѓу кои „Космополитен“, „Гламур“, „Брајд магазин“, „Ентертејмент Викли“, „Клио“, „Фешн“, „FHM“...

Фото извор: Glamour april 2016

фото извор: W magazine/may 2017

Работејќи паралелно и како модел и како актерка, таа во 2013 заработи 2.4 милиони долари.

Во 2012 година магазинот „Шалом Лајф“ ја рангираше на 5-тото место на листата на „50-те најталентирани, интелигентини, забавни, прекрасни жени Еврејки во светот“, зад Бар Рафаели и Ева Грин.

фото извор:Fashion magazine/august 2015

Покрај „Wonder Woman“, во 2016 ја сними и комедијата „Keeping Up with the Joneses“, а во 2017, поточно во ноември ја очекува и премиерата на „Justice League“, каде повторно ќе се најде во улогата на жената чудо.

Гал Гадот доби покана да стане дел од Академијата на филмската наука и уметност, а го привлече вниманието и на голем број престижни модни магазини.

фото извор: Popsugar.com/ getty

Ова воопшто не изненадува имајќи ги предвид нејзините речиси совршени модни изданија и доброто котирање во модниот свет.

Оваа 32-годишна жена дефинитивно има голем потенцијал да стане модна икона на новата генерација, бидејќи негува стил од кој може да се учи. Дел од нејзините најдобри модни појавувања можете да видите и во почетната галерија.

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
659 пати