Гери Пепер – блогерка која на уникатен начин ги ужива задоволствата во животот!

9 септември 2014

Нејзиниот блог под името Gary Pepper има илјадници следбеници на Фејсбук и на Инстаграм, благодарение на нејзините секојдневни, неверојатни комбинации што ги прави, но и на фотографиите што ги постира од вистинските задоволства што го прават животот вреден за живеење.

Креативната Никол Варн, овој викенд ја доби и сосема заслужената награда на Bloglovin’ наградите, за нејзината неверојатна работа на одличната страница што ја одржува, во категоријата „Блог со најдобра фотографија“.

Таа со брзина на светлината стана една од најпознатите блогери во Австралија, а уште побрзо и една од најпознатите во светот.

Со нејзиното неверојатно чувство за стил, неверојатната моќ што ја поседува како бизнис жена и легијата на посветени обожаватели, таа е дефинитивно девојка од која треба да црпиме целосна инспирација.

Нејзините почетоци нѐ навраќаат пред неколку години, кога таа со само 200 долари ја лансираше нејзината страница Gary Pepper Vintage каде можеа да се најдат одлични парчиња, но и доволна мотивација за секојдневни комбинации направени од неа.

По само четири години, таа стана една од најпочитуваните блогерки со неверојатен личен стил во нејзината земја, со голема почит и од светските дизајнери како Луј Витон и Долче и Габана, од кои многу често носи и облека.

Кога подоцна таа го трансформираше нејзиниот блог во Gary Pepper Girl, таа го опиша нејзиниот уникатен стил како таков со големо влијание од винтиџ парчињата, секогаш исполнет со удобни и едноставни парчиња што нејзините читатели можат да си ги дозволат.

Денеска, Никол ќе каже дека е многу задоволна што успеала да се издвои од малкуте блогерки во светот кои всушност заработуваат пари од тоа.

„Денеска има многу мал процент на блогерки во светот што успеваат да заработат солидна сума на пари доволна за живеење, иако од страна изгледа како да се успешни и да заработуваат многу, тоа не е вистина. Тоа е само добар маркетинг и ПР“, вели Никол.

На среќа, со нејзиниот фантастичен стил на живеење и неверојатната интелигенција што ја поседува, таа успеа да се издвои од малкуте девојки – блогерки во светот, за кои допрва ќе се слуша.

Во продолжение, доколку не сте имале можност досега да се запознаете со работата на Гери Пепер, сега е вистинското време за инспирација!

Уживајте!

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Портфолио