Ѓорѓи Поповски – тенисер и модел со светла иднина!

1 август 2016

Младиот и талентиран Ѓорѓи Поповски е еден од најдобрите тенисери во земјава, а истовремено еден од највпечатливите модели во агенцијата Моделс Ин со огромен потенцијал за интернационална кариера во моделингот.

Ѓорѓи Поповски е едно од новите лица и големи надежи на модната агенција Моделс ИН и како што велат оттаму, модел чие време допрва доаѓа.

Сериозноста и одговорноста како најдобар млад тенисер ја докажа  како државен првак број еден на ранг листата во Македонија.

Успесите за младиот Ѓорѓи се редеа со навистина голема брзина. Тој пред само една недела ги бранеше боите на Македонија на европското првенство што се одржа во Клостерс –Швајцарија.

Кога ќе се спојат талентот, убавината и тенискиот потенцијал, се добива совршен прототип на машки модел.

Без разлика дали ќе биде преку тенисот или моделингот, повеќе од јасно е дека ова младо и талентирано момче со својата енергија и убавина допрва ќе го освојува светот.

 

Објавено:
1 август 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.812 пати