Хана Страфорд Тејлор - домаќинка и мајка која стана една од најпознатите блогерки

23 август 2018

Хана Страфорд има 38 години, од Лондон е, мајка на две девојчиња (седум и две) и има неверојатна приказна. Денес е една од најпознатите блогерки и токму поради тоа што објавува убави фотографии со своите ќерки, со кои најчесто се модно усогласени. 

Модата ја сакала од најмала возраст, а од облеките на мајка си, правела свои верзии, посебно уживала да создава комбинации со свилените шалови и марами на мајка ѝ.

 -Кога имав 18 години се преселив во Лондон за да работам како модел. Со првите пари што ги заработив, купив облека од познати брендови, „Гучи“, „Клое“, а потоа преживував до крајот на месецот. Подоцна, почнав да ја продавам облеката што ја купував, ќе купев некои лимитирани парчиња, а потоа ги продавав на eBay и заработував од тоа. Во моите доцни 20-ти, бев од оние модели „без глава“ за „Нет а портер“ и имав можност да ги видам дизајнерските парчиња пред да се пласираат онлајн. И секогаш ги замолував да ми чуваат по некое што многу ми се допаѓа, па токму затоа и заработувачката оттаму не ми беше многу голема - се присетува Страфорд.

Знаејќи дека не може да си дозволи оригинални парчиња од брендови како „Шанел“, почнала да купува соодветни реплики од уличните брендови. За време на бременоста се трудела се да биде едноставно, па и стилот:

-Задржете ја едноставноста. Носете го тоа што ви одговара и ви прилега на телото. Во бременоста, секој изгледа поинаку, па носете го тоа што му ласка на вашето тело, не одете по трендовите и по секоја цена. Јас уживав да носам едноставни парчиња, но да го потенцирам стомакот, а сепак тоа да биде удобно, како долгите фустани на пример“, објаснува Хана.

Во моментов, освен со блогот, целосно е посветена на децата, мајчинството и домќинството.

-Постојано сум зафатена околу девојчињата и домот, но и уживам. Посебно ги сакам празниците. Сопругот и јас имаме посебно уредување на куќата за време на празниците. Омилено место во светот ми се Малдивите, би сакала да можам постојано да одам таму. Ми се допаѓа спокојот и убавината на местото и таму секогаш се чувствувам здраво. Навистина е рај - вели блогерката.

 Со нејзиниот сопруг се запознале пре 15 години. Се забавувале шест месеци, по што прекинале. Причината била поради тоа што таа сака деца, а тој не. Ѝ признал дека се подвргнал на визектомија, а за неа тоа значело дека тие немаат иднина. После шест месеци, тој повторно се враќа и ѝ вели дека доколку издржат да бидат заедно во наредните година-две, би можел да размисли и да има деца. Тоа во тој момент ѝ ее доволно и сè уште се заедно.

Добивањето на првата ќерка не било воопшто едноставно и морале да се подвргнат на Ин Витро процес. 

-Се обидувавме пет години и со “укинување“ на вазектомијата, но немавме успех. Не беше ништо вообичаено со оглед на сите случувања и вазектомијата, но сепак мојата желба за дете беше огромна. Без очајна да имам деца. Имав 29 години кога го почнавме процесот и не ми беше тешка физичката исцрпеност, емоциите беа тие што беа исцрпувачки. Првиот обид не беше успешен. Не бев подготвена на тоа и плачев со денови, како никогаш претходно. Единствениот пат кога плачев беше кога почина татко ми. Не помогна многу ни фактот дека од десетте девојки што во тоа време бевме на ин витро, само јас не успеав да забременам. Почнав да размислувам, што ако никогаш не успеам да станам мајка, како ќе живеам без деца? Потоа, почнав да барам на интернет се' околу посвојувањето, донори... За среќа, тогаш работев за „Нет а портер“ и тоа многу ми помогна да се вратам психички. И по природа сум оптимист, па после неколку месеци, одлучивме да пробаме повторно, овој пат успешно. Се' уште плачам кога ќе ми текне кога заѕвоне телефонот и ми соопштија дека сум бремена. Наредните девет месеци ги поминав со контантни мачнини, цели девет месеци! И во параноја да не се случи нешто лошо - објаснува Хана.

 Таа приказна завршува среќно, но се појавува друго премрежје. Како последица на удар со главата, пред околу пет години, таа се здобива со оштетување на нерв и со хронична вестибуларна мигрена.

-Тоа беше тежок период. Не можев да извршувам секојдневни обврски, постојано морав да лежам, а не можев да и' посветам внимание ниту на мојата тогаш, тригодишна ќерка. За среќа, денеска сум 80 отсто вратена на старо. Понекогаш ги имам симптомите во блага, а понекогаш во најтешка форма, но тоа се случува навистина ретко. Уште пред да се разболам, ние размислувавме за второ дете, но со болеста тоа не беше возможно. Ми требаа околу две години да се вратам на старо, да го оспособам организмот за тоа. Бев престрашена како ќе се снајдам со уште едно дете, имајќи го сето искуство дотогаш, но не можев да го занемарам ниту фактот дека имав уште 7 здрави бластоцити, па одлучивме да се обидеме повторно. Во текот на втората бременост вртоглавиците и мачнините беа катастрофални, бев навистина многу болна, но успеав да се изборам. Винтер е наше чудо. Откако се роди, јас сум се' подобро - вели Хана.

 

Откако станала мајка, нејзиниот стил дефинитивно се сменил, но е се' уште привлечен за многумина, бидејќи од блогот заработува солиндо. 

Комбинациите се најчесто женствени и романтични, а ние ви презентираме дел од нив во продолжение:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.156 пати