Хрватската блогерка Ирис Пејковиќ ќе ве освои со романтичниот стил

2 јули 2018

Ирис Пејковиќ е името на 36-годишната блогерка од Хрватска. Нема официјална блог-страна, па својата страст кон модата ја изразува само преку Инстаграм профилот кој го има веќе две години.

Мајка е на две деца и професорка во средно училиште, а слободното време го користи за модно изразување. 

 

Во моментов има повеќе од 1.500 следбеници, но фотографиите и комбинациите кои ги презентира заслужуваат и многу повеќе.

Нашето внимание го привлече поради романтичниот стил што го негува. Не крие дека е вљубеник и во винтиџ стилот. Макси фустани, карнери, тантела се нејзин чест избор, но ништо помалку не се привлечни и комбинациите што вклучуваат актуелни парчиња како маици со принт, џинс, фустани со риги и слично...

И покрај бројните ангажмани во текот на денот, од нејзините комбинации се забележува дека живее со модата па описот „моден зависник“ што стои на нејзиниот Инстаграм профил веруваме дека е точен.

Во продолжение ви презентираме дел од нејзините комбинации, а вие споделете ги со нас вашите впечатоци:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.446 пати