Инспирација: Француска двојка има совршено модно усогласена приказна

29 август 2018

Алис Барбие и Жис Рок сe двојка од Париз која веројатно сте ја забележале додека сте гледале модни фотографии од некои од модните метрополи.

Како големи вљубеници во модата, тие се чести посетители на европските модни недели, а со своите комбинации го привлекуваат вниманието и на медиумите. 

 Блогот кој носи назив „J'aime tout chez toi“ (Сакам сè во врска со тебе) го почнуваат пред пет години. Во тоа време живеат во Лос Анџелес и имајќи ја предвид желбата да споделат со семејството и пријателите кои се далеку од нив, како им поминува денот, се раѓа идејата за блог. Почнуваат од забава, но по реакциите сфаќаат дека тоа што го прават има одлична повратна реакција кај читателите, па продолжуваат да ставаат фотографии и по враќањето дома, во Париз. Она што почнува наивно, завршува како работа која им носи профит.

Нивниот инстаграм профил денес го следат преку 145.000 следбеници, со тенденција за зголемување на бројката. 

 И двата медиума преку која се изразуваат изобилуваат со убави кадри и уште поинтересни модни комбинации. Модно се совршено ускладени, со што покажуваат дека ништо не препуштаат на случајноста или пак на импровизација. 

Во нивниот моден израз најчесто доминираат спортски и урбани комбинации, па затоа и често можат да се видат парчиња од „Баленсијага“, „Калвин Клајн“, „Александар Ванг“, „Најк“, „Адидас“...

На крајот, ви презентираме дел од фотографиите што ќе ви го потврдат она претходно напишаното:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
29 август 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
543 пати