Инспиративниот летен имиџ на блогерката Луиз Ро

20 јуни 2017

Луиз Ро ја започна својата кариера во модниот бизнис како уредник на вести во vogue.com, а потоа пишуваше свои публикации за повеќе познати модни магазини: Elle, In Style, CosmoGirl, Luxdeco Interiors magazine...

Позната е и како Тв водителка на емисијата „Plain Jane" на MTV, како и известувач од црвениот килим за NBC.

Но, она што ја направи планетарно популарна е нејзиниот инспиративен моден блог „Front Roe by Louise Roe" каде особено дојде до израз нејзиното исклучително стилско чувство и естетски вкус. На Инстаграм има дури 617 илјади следбеници, а исто така е актуелен и нејзиниот Youtube канал на кој има 15.318 претплатници.

Основата на нејзиниот имиџ е лежерна, но секогаш добива еден за неа својствен заплет наоѓајќи инвентивен начин да ги комбинира парчињата. Секогаш романтична и насмеана, Луиз Ро е нашата летна стилска инспирација.

Фото извор: Front Roe by Louise Roe

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
733 пати