Инста досие: Внуката на принцезата Дијана – грациозна муза на Долче и Габана

21 мај 2018

Кити Спенсер, внуката на принцезата Дијана, викендов беше тема во светските медиуми, откако се појави како гостинка на кралската свадба и го освои вниманието како една од највпечатливите меѓу одбраната елита присутна на церемонијата на годината.

Облечена во рачно насликана тоалета од последната колекција од линијата за висока мода на Долче и Габана, таа со себе ја донесе целата грациозност и сензуалност на една принцеза, иако нема таква титула.

Изборот на Долче и Габана воопште не беше изненадување, со оглед на тоа дека Кити долго време соработува со овој бренд, како модел што честопати го ангажираат во нивните кампањи, но и како манекенка на нивните ревии.

Таа не пропушта прилика секогаш да каже дека е пријателка со двајцата дизајнери и дека е привилегирана што е тоа така.

Ако го отворите нејзиниот профил на Инстагарм, лесно ќе забележите дека D&G е нејзиниот омилен бренд и често ги носи нивните романтични макси фустани во различни прилики.

27-годишната убавица е ќерка на братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, израснала во Јужна Африка, а дипломирала психологија, политика и англиска литература на Универзитетот во Кејптаун.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
4.710 пати