Да се биде кул е многу повеќе од тоа да се изгледа добро. Иако „да се изгледа добро" има релативно значење, факт е дека индивидуалноста и личните принципи реплицирани во сопствениот имиџ, припаѓаат на формулата за безвременски стил, затоа што да се биде свој е секогаш „ИН". Ова е водечката филозофија на веб страницата Archive XXI, посветена на модата, културата и животниот стил, што годинава ја основаа трите моќни жени Бланка Миро, Наталија Шварц и Елизабет Кастеља. Секоја од нив е со различен приватен и професионален профил, но она што ги поврзува е нивното заедничко сфаќање на модата како форма на изразување на личните погледи на различни нивоа.

Бланка Миро важи за една од највлијателните шпански стилистки. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 195К следбеници, а она што веднаш ќе го забележите кога ќе го разгледате нејзиниот стилски профил е исклучително изразената индивидуалност.

Останува отворено прашањето за дискусија, дали ви се допаѓа нејзиниот стил или не, но она што е сигурно е дека таа е доследна на своите лични принципи, ослободени од рамките на актуелните трендови.

Направивме мала авантура низ нејзиниот Инстаграм профил и одвоивме неколку нејзини впечатливи изданија.

Објавено:
19 јули 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
186 пати