Различностите инспирираат, го прават светот убав и се во фокусот на модната индустрија. Стандардите стануваат клише, па затоа креативниот свет постојано е во потрага по нови форми на убавината надвор од „комфорната зона".
Токму затоа низ нашите содржини, често ќе прочитате за нестандардни и исклучително инспиративни приказни, што се во функција токму на убавината на различностите.
Една таква е младата девојка Мартина која стои зад Инстаграм профилот @_martina.el_што во суштина е нејзин личен стилски дневник каде секојдневно објавува впечатливи комбинации, што се особено инспиративни за „plus size" девојките.
Трендовски парчиња комбинирани во интересни аутфити што соодвествуваат на нејзината фигура и на нејзиниот личен стил, може да послужат како идеја како да се облечете соодветно за различни прилики.
Ставен е акцент на базичниот стил, но меѓу нејзините аутфити ќе наидете и на идеи за деловен изглед или комбинации за посебни пригоди.
Објавуваме дел од нејзините фотографии, а доколку сакате да бидете во тек следете ја на Инстагрaм.