Кај оваа шпанска блогерка ќе ја најдете инспирацијата за свечени пригоди

5 април 2018

Сандра Махада е името на 31-годишната шпанска блогерка која пласираше блог наречен „Invitada Perfecta“, каде ги презентира своите модни комбинации.

Сите девојки и жени кои ја преферираат женственоста, ќе се пронајдат во нејзиниот блог, односно Инстаграм профил.

Токму оттаму можете да црпите идеја и инспирација за некоја свеченост што ве очекува - летна забава, свадба, роденден...

Сандра ги потсетува жените дека треба да уживаат во секој момент, да го носат она што ги прави среќни и да ја истакнат својата женствена страна.

Повеќето комбинации се во свежи, убави бои, што исто така може да ве мотивира да испробате нешто ново, живописно весело. Чест моден додаток се шапките и впечатливите ремени.

Во продолжение погледнете неколку од нив и ќе разберете за што ви зборуваме:

 

Објавено:
5 април 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
7.155 пати