Кјара Ферањи – Фасцинантна блогерка со заработка од неверојатни 8 милиони долари!

11 септември 2014

Иако веќе знаеме дека светските блогерки заработуваат огромни суми на пари (околу еден милион долари годишно) од појавувањата на модните ревии, промоциите на новите парчиња од некој светски дизајнер итн., оваа девојка успеа да ги надмине сите!

Прекрасната Кјара Ферањи од блогот The Blonde Salad, може да се пофали со заработка од скоро осум милиони долари оваа година. Околу 30 проценти од сумата доаѓа од нејзиниот блог, додека 70 отсто доаѓаат од линијата чевли што таа ги дизајнираше за италијанските дизајнери Лорензо Бариндели и Паоло Барлета, кои имаат над 200 продавници низ целиот свет.

10325168_677639652289297_5727157238542765742_n

Шармантната Италијанка е родена на 7 – ми Мај 1987 година во Кремона. Во текот на нејзиниот живот кај неа се развила неверојатната желба и пред сѐ, чувство за одлични стилски комбинации.

Кјара на почетоците... Кјара на почетоците...

Во 2009 – тата година, таа и официјално стана дел од модната индустрија со лансирањето на нејзиниот моден блог во месец Октомври. Две години подоцна, во Март 2011, магазинот Њујорк ја прогласи за најголемо стрит – стајл откритие на годината.

Во декември истата година, таа беше прогласена за најдобар актуелен блогер од страна на Тин Вог, додека истовремено сѐ уште студираше на Правниот факултет Бокони во Милано и работеше како моден дизајнер на чевли.

За многу кратко време, нејзиниот блог успеа да придобие повеќе од еден милион посетители и 12 милиони прегледи во текот на еден месец. До 2013 – тата година, таа беше добитник на многу престижни награди како блогер на годината од различни магазини и институции.

Кјара беше дел и од кампањата на Гес во Ноември 2013 година, која беше неверојатно успешна. Конечно, кон крајота на истата година, таа ја започна соработката со Стив Маден и дизајнираше колекција составена од девет чифта чевли за сезоната пролет 2014.

 

Нејзините понатамошни соработки вклучија некои од најголемите светски дизајнери како Кристијан Диор, Луј Витон, Макс Мара, Шанел, Томи Хилфигер и многу други.

Меѓу нејзините големи успеси, беше и појавувањето како дел од жирито на модното шоу „Проект Писта“ во рамки на 13 – тата сезона.

На седми месецов, нејзиниот блог „The Blonde Salad“, беше прогласен за најдобар по нејзиниот уникатен личен стил.

Ние длабоко веруваме дека прекрасната Италијанка Кјара Ферањи полека, но сигурно го зазема местото на единствената Оливија Палермо во светот на познатите и успешни блогерки кои успеале да застанат на чело на вистинска модна империја.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Портфолио